Приведени се лица кои се обиделе да го демолираат зелениот кров на ГТЦ. Ова го соопшти на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој објави и видео за настанот.

– Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои „чудни сили“ решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање.

Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција.

Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а „чудните сили“ нека тераат. Осудени се на пропаст – напиша Шилегов на Фејсбук.

Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои “чудни сили”…

Posted by Петре Шилегов on Среда, 27 ноември 2019