Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вели дека казната од 45 евра за возачот на „бентлито“ кое влета на плоштадот, е само првична казна, а ќе следува и друга поголема.

– Постојат и елементи на кривично дело и тоа ќе биде процесуирано – објасни Шилегов за возењето на плоштадот „Македонија“, кој е пешачка зона.

Тој сепак вели дека е задоволен што властите веднаш реагирале и како што кажа, казната од 45 евра е само почеток за возачот на „бентлито“.

– Она што е минимумот, тоа е прекршочна постапка и издавање на глоба од 45 евра – рече Шилегов.