Шестмина Македонци се фатени со фалсификувани негативни ПЦР тестови на скопскиот аеродром.

– Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривични пријави против шест лица, државјани на Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидимија“. Пријавените, на 12, 13 и 14.03.2021 на Граничен премин Меѓународен аеродром – Скопје приложиле фалсификуван негативен ПЦР тест – соопшти МВР.