Шестгодишно момче вчера околу 15 часот било прегазено со автомобил во скопското дело Кондово.

-Патничко возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(54) од с.Долно Свиларе, удрило во шестгодишно момче од Глумово – велат од МВР.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено на Детска клиника при комплексот клиники „МајкаТереза“. Извршен е увид на местото на настанот.