Фото: Илустрација

Шестгодишно дете паднало од трактор и починало. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера вечерта во село Дебреште, Прилепско.

Додека А.А.(27) управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повреди, по што било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт.

Увид извршила полициска во присуство на јавен обвинител.