Целосно затворање на јужната граница за да се спречи нов мигрански бран, најави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во Тетово.

Министерот посочи дека Македонија има капацитети и оти сега е многу подобро подготвена во однос на претходната мигрантска криза.

– Имаме партнерски полицајци во заеднички патроли на јужната граница. Во моментот има 131 полицаец од осум држави и имаме материјално технички средства. Ќе дадеме максимум за да ја затвориме нашата границата и да спречиме нов мигрантски бран кон територијата на нашата држава и со тоа и кон територијата на ЕУ – рече Чулев.