Гостиварецот И.Ч.(41) вчера во Полициската станица Центар пријавил дека на Камениот мост, од непознато лице извршена му била тешка кражба на дрзок начин и одземени пари.

Кражбата на дрзок начин била извршена на тој начин што откако пријавителот го извадил паричникот со цел да му даде пари на лице кое било на Камениот мост и имало некаков проблем, кон него се доближиле неколку непознати лица и едно од нив насилно му ги одзело парите, по што го напуштиле местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, соопшти МВР.