Четири лица се повредени во тешката сообраќајна незгода што се случи попладнево на булеварот Партизански одреди во скопската населба Карпош 4, спроти трговскиот центар Антико. Повредените се однесени со возило на Брза помош во Градската општа болница „8 Септември“.

Во несреќата учествувале мотор и автомобил. Автомобилот е со тетовски регистарски таблички. Задното стакло на автомобилот е целосно искршено и распрскано на улицата. Моторот е оставен веднаш зад автомобилот, а до него има траги од крв.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Засега нема подетални информации како се случила сообраќајката.