Фото: Илустрација

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила и камион што се случи вчера на локалниот пат од селото Љуботен кон населбата Бутел. Според информациите од полицијата, тешко повредена е 25-годишна скопјанка која управувала едно од возилата, а меѓу полесно повредените е и малолетно лице.

– Во несреќата учествувале патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(25) од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од Скопје и товарно моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Х.М.(26) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.А., а со телесни повреди се здобиле Б.Е. и двајца сопатници од возилото „мерцедес“ – Н.А.(61) и едно малолетно лице, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники Мајка Тереза – соопшти полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.


Автомобил излета од патот кај Прилеп

Автомобил управуван од 50-годишен прилепчанец синоќа излета од регионалниот пат Прилеп-Демир Хисар, кај Кадино Село на мостот од Прилепска река.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот.