Фото: Игор Бансколиев

Три лица заедно со еден малолетник се обвинети за обид за убиство што се случил пред пицерија во Гостивар.

– Обвинетите на 14 јуни, пред пицерија во Гостивар, се обиделе да лишат од живот едно лице. По банална расправија пред пицеријата, четворицата го нападнале оштетениот и со удари во главата и стомакот му нанеле тешки телесни повреди – соопшти Основното јавно обвинителство Гостивар.

Судот на тројцата полнолетни осомничени им определи мерка притвор во траење од 30 дена.