Четиринасетгодишно девојче е прва жртва од сезонскиот грип во Македонија, откако починало од компликации на здравствената состојба, потврди епидемиологот Гордана Кузмановска од институтот за јавно здравје. Ваквата информација била испратена од Детска клиника од Институтот за јавно здравје.

Неделава, регистрирани се околу 3.700 случаи на заболени од сезонскиот грип.

Кај македонскиот државјанин заразен од коронавирус на крузерот „Дајмонд Принцес“, била констатирана блага форма на болеста и тој е во стабилна состојба.