Жена на возраст од 36 години е убиена во семејниот дом од страна на сопругот во скопско Арачиново.

Како што информираат од МВР, во попладневните часови случајот бил пријавен во полиција, а сторителот приведен. Засега е непознато која е причината за крвавиот настан.

– Во 12.45 часот во ПО Арачиново било пријавено дека 40-годишниот А. Н. си ја усмртил 36-годишната сопруга Б. Н. во семејниот дом. Сторителот е приведен – велат од МВР.

По увидот од страна на полицијата, ќе биде познато на кој начин е извршено убиството.