Четири лица се приведени поради пожарите во Велес. Од МВР потврдуваат дека четворица велешани биле приведени во полициската станица во Велес и се очекува да бидат изведени пред истражен судија.

Тие во полициска станица кажале дека станува збор за пожар предизвикан од невнимание.

Според неофицијални информации, додека работеле со брусилица и најверојатно од искра во еден момент настанал оган, којшто се обиделе да го изгаснат но тој почнал брзо да се шири. Поради ветрот, огнот ја зафати раскрсницата кај Башино село, а потоа почна да се приближува и кон езерото Младост.