Четири лица се повредени и однесени на клиниката „Мајка Тереза“, откако завчера вечерта додека се возеле во лифт во зграда во изградба на улицата „Трифун Бузев“, лифтот паднал од вториот кат во подрумските простории.

Како што соопшти МВР, се работи за Н.М.(20), Ф.М.(20),О.Н.(21) и К.П.(21), сите од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.