Четворица луѓе се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Струга – Охрид. Според информациите од МВР, несреќата се случила помеѓу автомобил „опел“, управуван од Е.М.(22) од Струга и автомобил „фиат“, управуван од Д.П.(49) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., а со телесни повреди се здобиле 16-годишна сопатничка во возилото „фиат“, возачот Е.М. и сопатникот во неговото возило А.Б.(18) од сeло Поум, констатирани во Медицински центар Струга. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.


Тројца повредени при излетувањето на автомобил од автопатот „Гоце Делчев“

Тројца повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера претпладне на автопатот „Гоце Делчев“, пред клучката Коњари, скопско, кога автомобил „бмв“ излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(47) од Штип, додека возачот и 17-годишна сопатничка од Штип се здобиле со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.