Фото: Илустрација

Во 2 часот по полноќ било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски управувано од Ј.Т.(28) од Турција, со времен престој во Скопје, и патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(34) од село Чегране. Во незгодата возачот Ј.Т. се здобил со телесни повреди, а сопатничката Е.А.(25) од истото возило се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Синоќа во 21.40 часот било пријавено дека во Штип на ул.„Вељко Влаховиќ“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ управувано од Д.Ѓ.(22) од Штип и „фолксваген пасат“ управуван од Р.З.(34) од Штип. Во незгодата двајцата возачи се здобиле со повреди и се пренесени во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.