Четворица мигранти од Авганистан синоќа откриени на граничниот премин Табановце во вагон на товарен воз кој сообраќал кон Унгарија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вработени во МЖ-Транспорт забележале тропање во некој од контејнерите. Откако биле отстранети пломбите во еден од вагоните натоварен со контејнер биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан: А.Б.К.(20), О.М.(30), А.З.(19) и С.И.(33).

Мигрантите се однесени во транзитниот камп Табановце за понатамошна постапка.