Црвениот крст утрово испрати тимови за одговор при катастрофи за логистичка поддршка и прва помош на граѓаните и тимовите кои гасат пожар на територија на општина Пехчево, информираа од таму.

Поради потреба од хуманитарна помош за населението кое е зафатено со пожарите, Црвениот крст на Македонија, денес испрати хуманитарна помош во регионот на Берово/Пехчево : 500 пакети со храна, 500 пакети со хигиена, 2592 шишиња вода од 0,5л, 400 ќебиња и 50 душеци.

Куманово: 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 200 ќебиња, 2.592 шишиња вода од 0,5л и 50 душеци.

За утре како што најавија планирана е дистрибуција на хуманитарна помош за Делчево: 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2592 шишиња вода од 0,5л, ќебиња 400 ком и 20 душеци. Кочани: 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2.592 шишиња вода од 0,5л, ќебиња 400 ќебиња и 50 душеци.

Тимовите како што дообјаснуваат се од Црвен крст на град Скопје (8 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Штип (4 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Делчево (4 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Кочани (4 волонтери) и Општинска организација на Црвен крст Берово (4 волонтери).

Црвениот крст на Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.