Дваесет и седумгодишно момче од Холандија ноќеска било нападнато во ноќен клуб во Скопје.

Како што информира МВР, С.В.В. (27) од Ротердам, Холандија, ноќеска пријавил дека бил физички нападнат од машко лице, во ноќен клуб на булевар „Климент Охридски“, околу 2.30 часот.

Полицијата работи на расчистување на случајот.