Полициски службеници при контрола во Кичево, пронашле хероин во автомобил на 42-годишен кичевец.

Како што информираат од МВР, полициската екипа извршила преглед во автомобилот „опел корса“, а по пронаоѓање на дрогата, 42-годишниот возач бил уапсен.

По целосно документирање на случајот против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.