Поднесена е кривична пријава против гевгеличанка во чиј дом полициските службеници пронашле и одзеле хероин, информира МВР.

-Надворешната канцеларија криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Ш.(28) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори- соопшти во дневниот билтен МВР.

На 29.11.2018 година во Гевгелија полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле хероин и предмети со остатоци од хероин.