Фото: Архива

Финансиската полиција, со асистенција на МВР, денеска го приведе Андреја Поповски, поранешен директор на Централниот регистар. Поповски таму беше директор од 2014 до 2017 година. Уште четири други лица вработени во регистарот се цел на истрагата, пренесуваат повеќе македонски медиуми. 

Неофицијално, под истрага на Финансиската полиција биле неколку лица, но само Поповски е приведен. Постојат сомневања дека тие ги злоупотребувале нивните службени положби и овластувања.

Според Основното јавно обвинителство, повеќе информации ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.