Митрополит Преспанско-пелагониски Петар денеска кус период бил задржан на Меѓународниот аеродром Скопје на барање на Финансиската полиција, потврди владиката, пренесува МИА.

Ниту Финансиската полиција, ниту МВР, ниту САС на МПЦ-ОА, не сакаа да одговорат за причините за кусото задржување на владиката Петар.

Владиката за порталот „Сакам да кажам“ објасни дека кратко време бил задржан на аеродромот поради грешка во процедура, по што бил пуштен да го продолжи патувањето за Австралија, во епархијата каде што има синодски надлежности.