Министерот за здравство, Венко Филипче нема информации за тоа дали поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков се тестирал за ковид-19 и дали контактирал со здравствените власти.

Мијалков вчера се појави со објаснување дека бил во самоизолација поради тоа што имал температура над 40 степени, откако исчезна во неделата.

– Немам информации дали се тестирал и дали контактирал со Здравствениот инспекторат – кусо одговори министерот Филипче.

На прашањето дали е можно по само три месеци некој повторно да се зарази со вирусот, како во случајот на Мијалков, Филипче одговори дека болеста има многу непознаници и има многу специфични случаи, но науката се уште не дала одговор на тоа прашање.

Тој најави дека следната недела МАНУ ќе ги објави резултатите од анализите за присутните соеви на вирусот кај нас по зголемувањето на бројот на новозаболени.