По еден час распит кај обвинителката Вилма Русковска, Лила Филиповска одби да одговори на сите новинарски прашања. Таа не кажа која е нејзината поврзансот со „Рекет“, како и дали му позајмила пари на Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

Наместо да одговори на новинарските прашања таа на новинарите им рекла дека ќе ѝ ја расипат фризурата и еден од нив прашала „од кога ти се занимаваш со ова”.

Таа замина од Обвинителството, а не одговори ниту на прашањето дали го посетила Боки 13 во затвор, поставено од новинарите.

Во предметот „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.