Четири непознати малолетни лица синоќа околу 19 часот физички нападнале 12-годишно момче на улицата „Македонски војски“ во Скопје.

Како што информира МВР, случајот синоќа во 21.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров го пријавила А.Т.(42), мајка на нападнатото момче.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.