Фејзи Азири, еден од обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, денеска во 13.30 часот со полициско обезбедување е вратен во затворот во Штип, потврди за МИА директорот на затворот Мики Тодоров.

Азири е вратен во затворот, каде треба да издржува затворска казна за недозволено поседување оружје.

Тој се наоѓаше на Клиниката за пулмологија. Азири претходно го прекинал издржувањето на затворската казна и не се вратил во штипскиот затвор, иако тоа не му било дозволено. По одложувањето на последното рочиште за „Монструм“ поради отсуството на Азири, полицијата го приведе на Клиниката за пулологија.