По три ипол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против поранешната пратеничка Даниела Рангелова, но и против Борче Богдановски и Милан Андоновски, кои се гонеа како извршители во случајот „Насилство во центар“. Со ова, тројцата се ослободени во овој предмет.

Сега, во предметот остануваат обвинети Миле Јанакиески, Никола Груевски кој е амнестиран од експретседателот на државата, Ѓорѓе Иванов и уште неколкумина кои се товарат дека го извршиле насилството пред општината.

Фетаи пред судот го читаше прочистениот текст од обвинението, заедно со пцостите, за кои, тврди дека ги кажале дел од обвинетите на протестот пред Општина Центар во 2013 година.

Претходно, Еленко Миланов, бранител на Миле Јанакиески за „Макфакс“ рече дека ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Јанакиески е од старт жртва во тој предмет, бидејќи нема ништо што укажува на него.

Останатите обвинети се товарат за поттикнување и организирање насилни протести пред просториите на Општината, кои биле организирани дека наводно се против запирање на изградба на црквата „Свети Констатин и Елена“ на улица „Македонија“, а всушност причината била да се спречи седница на Советот на Општина Центар, на која требало да се променат деталните урбанистички планови.

Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапници на обвинението се Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи.