Фото: Архива

Обвинителката Фатиме Фетаи на влегување во судот, прашана за одлуката на Апелацискиот суд да ја укине пресудата за „Титаник 2“ со која се укинува затворската казна на Сашо Мијалков, Бедредин Ибраими и Мендух Тачи рече дека истата не ја добила.

Таа кратко искоментира само за соопштението испратено до Апелација.

-Соопштението е прилично напаѓачко, а нападот е најдобра одбрана – искоментира Фетаи.

Апелациониот суд Скопје констатирал дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна.

Предметот ќе се врати на повторно судење.