Дваесет и петгодишен скопјанец со иницијали А.Х. бил приведен при извршување на тешка кражба во аптека.

Според информациите од полицијата, настанот се случил синоќа по полноќ во објект лоциран на улицата 11 Октомври во Скопје.

– Крадецот е приведен во полициска станица и од него е одземен предметот кој го употребил при извршување на делото – информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.