Фото: Игор Бансколиев

Инспекторатот за животна средина на Град Скопје издаде прекршочен паричен налог и парична казна од 88 илјади евра, во процесот на засилени контроли за фрлање на отпад во Вардариште.

Според извештајот на инспекторатот, затекнатите прекршители нелегално исфрлале отпад, со тоа загадувајќи ја животната средина и загрозувајќи ја безбедноста по здравјето на граѓаните, што е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад.