Фото: Илустрација

Повредените две лица во утринската сообраќајна несреќа која се случи на патот Битола-Ресен, кај клучката за селото Ротино се надвор од животна опасност. Единиот од повредените има скршеница на раката, а другиот помина со незначителни огреботинки.

Инаку, повредените се прегледани во Клиничката болница Битола, каде биле превезени за укажување на помош. Според неофицијални информации, двајцата сопатници биле вработени во РЕК „Битола“ и по завршувањето на смената се упатиле за Ресен.

Додека сопатнииците имале среќа и поминале со лесни повреди „мерцедесот“ со кој се возеле е доста оштетен. М.М.