фото: Игор Бансколиев

На аеродром во Стокхолм е уапсен Дејан Давидовски, кого македонските власти го бараат по потерница од Интерпол за настаните во Собранието од 27 април, потврдија за МИА од Јавното обвинителство.

Давидовски е уапсен на аеродромот во главниот град на Шведска, каде пристигнувал од Софија.

Во земјава веќе се преведуваат докази со кои ќе се бара негова екстрадиција, а тој бил уапсен на 7 април.

Давидовски бил во групата маскирани лица, кои упаднаа во Собранието и против него е покренато обвинение за  сторено кривично дело по  член „313“ од Кривичниот законик.