Полицијата го разубеди мажот кој имаше намера да скокне од тераса на станбена зграда во близина на трговскиот центар „Мавровка“, со што акцијата за негово спасување заврши успешно по неколкучасовни преговори.

Во близина на зградата беше поставен и душек за спасување.

На терен, покрај полицијата, имаше и екипи на Противпожарната единица на Град Скопје и на Брзата помош.