Унгарија нема да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски ниту за настаните во Собранието од 27 април, потврдуваат од Министерството за правда.

Унгарските власти официјално ја известиле Македонија дека нема да го екстрадираат Груевски.

– Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегало – велат од Министерството за правда.

Унгарија не го екстрадираше Груевски и по барањето за издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.