Фото: Илустрација

Во попладневните часови на 13 октомври на скопската улица „Пролет“, полицијата уапсила 46-годишен скопјанец со иницијали Б.Д. поради сомнение дека на 11 октомври од булеварот „Борис Трајковски“ одзел автомобил „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н. од Скопје.

Како што информираат од МВР, подоцна истиот ден, во скопско Ново Село, разбојникот со одземеното возило удрил во автомобил „ситроен берлинго“, сопственост на К.М. од Скопје и го напуштил местото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.