Непознат сторител вчера попладне украл  патничко моторно возило „БМВ 530“ од  улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 976.000 денари.

Како што информира МВР, возилото било со шведски национални ознаки, а во него имало лап – топ и куфер со облека.

Настанот вечерта го пријавил Л.Ч. (34) според кој, кражбата се случила во периодот меѓу 14 и 19 часот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.