К.К. (30) од Скопје вчера пријавил во полиција дека во периодот од 10.20 до 11.00 часот во подрумските гаражи во еден скопски трговски центар непознат сторител извршил тешка кражба во неговото возило „фолксваген пасат“.

Според пријавеното, сторителот со употреба на сила му одзел ташј со 11.000 евра и други валути. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.