Крадец украл два сефа со пари од казино во Битола.

Според информациите на МВР, вчера В. Т. пријавил дека на 22 март, околу 22.45 часот, од казино во Битола непознат сторител одзел два сефа со пари.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.