Украдени се опрема и предмети во вредност од 300.000 денари во тешка кражба во лабораторија на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

– Од факултетот вчера пријавиле во полиција дека во периодот од 19 часот на 20-ти месецов до седум часот изутрината на 20-ти непознат сторител извршил тешка кражба. Крадецот со тврд предмет го скршил прозорецот, влегол внатре и одзел две лабораториски дигитални ваги, два ЛЦД монитора и компјутер, по што заминал во непознат правец. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари – наведува МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.