Куќниот притвор на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, за предметот „Титаник“, е укинат од страна на Основниот суд Скопје 1. Ова денеска го изјавил Јанакиески одговарајќи на прашање на судот, пренесуваат повеќе медиуми. Предметот „Титаник“ се однесува на изборни нерегуларности.

Поранешниот министер посочил дека му бил изречен куќен притвор и за случајот „27 април“, за кој има и забрана за комуникација со инволвирани лица во настанот.