Фото: Игор Бансколиев

На автопатот Скопје – Тетово од изутрината се врши увид на местото на синоќешната сообраќајна несреќа во која живото го загубија 14 лица. Поради увидот во прекин е и сообраќајот на овој патен правец од 10.30 часот.

Несреќата се случи меѓу Карпалак и Ласкарци вчера околу 17 часот. Загинаа 14 лица, а 37 се повредени, од кои седум се во тешка здравствена состојба. Автобусот на „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар.