Фото: Илустрација

Убиство при грабеж се случило во скопско Инџиково, синоќа околу полноќ, според неофицијални информации.

Како што пренесуваат повеќе медиуми, две маскирани лица упаднале во домот на 49-годишен жител на Инџиково, по што му побарале пари, а потоа го застрелале и избегале.

Од страна на доктор од брза помош констатирана е смрт на жртвата на самото место.

Допрва се очекуваат повеќе детали за случајот од МВР.