Убиство се случи вечерва во скопската населба Тафталиџе.

Алфа пренесува дека семејна расправија меѓу зет и шура завршила трагично. Според првичните информации полицијата го упасила напаѓачот и е однесен во полициска станица.
Според првичните и неофицијални информации на Нова Македонија, имало пукање, а од нашите фотографии може да се забележи дека на местото на настанот итно интервенирала полицијата.