Седумдесет и петгодишен маж бил пронајден мртов во неговата семејна куќа во селото Црвевци, Кичевско. Од обвинителството соопштија дека мажот во куќата живеел сам, а од обдукцијата произлегло дека тој бил задавен.

– Поради сомнение за причините за смртта која настапила кај лицето, јавниот обвинител нареди обезбедување на трагите на лице место и вршење обдукција на телото на починатиот. Од обдукцијата произлезе дека починатиот настрадал од насилна смрт – давење. Во насока на целосно расчистување на кривично правниот настан, денеска по издадена наредба на обвинителството повторно се врши увид на лице место со цел прибирање траги и докази од местото каде што е извршено кривичното дело – соопштија од обвинителството.

Од МВР потврдуваат дека кај починатиот имало видливи повреди и велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.