Во скопската населба Бутел 2 вечерва се случило убиство, објави ТВ21 повикувајќи се на информации од МВР.

Според првичните информации, убиството се случило на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, а голем број на полициски единици веќе се на терен, како и амбулантни возила.

Неофицијално, убиено е едно лице, а друго е рането.

Допрва се очекуваат повеќе информации од МВР.