Полицијата приведе 59-годишен маж од село Ораовица, радовишко, со престојувалиште во село Ерџелија, Светиниколско кој е обвинет дека им испраќал експлицитни фотографии на малолетнички на Фејсбук.

Како што соопшти МВР, полицијата вчера го приведе Б.Т.(59) од , поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.

– Извршен е претрес во домот на М.А.(63) во село Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство – соопшти МВР.

Осомничениот им испраќал еротски фотографии на малолетнички и им се заканувал дека ќе бидат киднапирани и силувани ако кажат некому за пораките.