Фото: Мартин Јанушев

По бегство од речиси две години, полицијата го обезбеди Филип Секуловски – Кобра, убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев, објавија повеќе македонски медиуми.

Според полициски извори, Секуловски, кој беше баран со потерница од МВР, веќе е однесен во затворот во Шуто Оризари.

Секуловски на 3 ноември 2017 година со умисла го лиши од живот Јанушев. Осомничениот, користејќи дозволено викенд-отсуство, ја напуштил КПУ Затвор Скопје – Скопје, каде што издржувал казна затвор во траење од 20 месеци, се сретнал со Јанушев пред зградата во која тој живеел во населва Аеродром и испукал повеќе проектили од огнено оружје, нанесувајќи му пет огнострелни повреди. Од здобиените повреди, Јанушев починал.

Дваесет и осумгодишниот Јанушев беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари солидарност и 11 Октомври.