Полицијата уапси тетовец, осуден за убиство, кој избегал од затворот во Идризово.

Според информациите од МВР, денеска околу 12 часот, на регионалниот пат Тетово – Брвеница, бил приведен Џ. Д. (50) од Тетово, осуден на затворска казна за убиство.

Џ. Д. е спроведен во КПУ „Идризово“ на доиздржување на затворската казна, од каде што претходно избегал.