Кај тетовец вчера полицијата пронашла оружје за кое не поседувал соодветна документација.

-Вчера во периодот од 13.30 до 15.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на К.Н.(64) во село Глоѓи, Тетовско – информираат од МВР.

При претресот биле пронајдени и одземени 185 куршуми за пиштол калибар 7,62 милиметри и 40, исто така, куршуми за пиштол, калибар 6,35 милиметри, за кои К.Н. не поседувал соодветна документација.

К.Н. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.